• петок, 26 јули 2024

Движење Беса: Европски сојуз за променa со уште еден важен чекор во насока на донесување на промени во земјата

Движење Беса: Европски сојуз за променa со уште еден важен чекор во насока на донесување на промени во земјата

Скопје, 14 декември 2023

Европскиот сојуз за промена на денешната средба го формираше Координативното тело на коалицијата, со што е направен уште еден чекор кон здружување на опозициските политички сили кон финализирање на напорите на албансците во Северна Македонија со цел да се победи корумпираната и криминализираната ДУИ.

Оваа продлабочување на соработката има јасна политичка определба, донесување на промените профилизирајќи се како единствена надеж што може да ја овозможи оваа цел на Албанците. Координативното тело разговараше во врска со големиот интерес и континуираните приклучувања кон коалицијата, што претставува охрабрувачки показател за нашата работа како коалиција, истовремено оценувајќи дека е последно време за кој било политички субјект или поединец да се приклучат на страната на волјата на народот, а сите кои одбиваат да се приклучат во Сојузот, се подразбира дека отворено и со целосна свест ја поддржуваат монополизацијата на власта на ДУИ, крајно загрозувајќи ја судбината на албанците, но и перспективата на земјата.

На оваа средба беа донесени неколку важни одлуки за создавање предуслови за претстојните успешни избори. Одлучено е да се формираат специјализирани комисии, кои ќе се ангажираат во креирање на вистинските политики во одредени области за да се изготви солидната изборна програма на коалицијата со цел постигнување на големата победа. Исто така, беше одлучено наскоро да се отвори и изборниот штаб на коалицијата за поефективна и поефикасна кампања и реализација на целите на Европскиот сојуз за промени. 

Движење Беса

фото Движење Беса

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан