• сабота, 23 ноември 2024

Две млади лица загинаа во свлечиште во Португалија

Две млади лица загинаа во свлечиште во Португалија
Лисабон, 23 ноември 2022 (МИА) - Млада двојка загина во свлечиште во Португалија, јавија денеска локалните медиуми. Двете жртви, на возраст од 22 години, најверојатно биле затрупани додека спиеле, од земјиштето што целосно ја уништи областа каде се наоѓала нивната куќа во Палмеира де Фаро. Тоа е близу границата со Шпанија во северниот дел на државата. Двете деца на жртвите се спасени и се во прилично добра здравствена состојба. Како што пренесе ДПА, свлечиштето донело и „камења со значителна големина“. Причината за несреќата засега не е утврдена. бд/јт/

Остани поврзан