Две лица загинаа во израелски воздушен наапд врз Дамаск
- „Израелски воздушен напад беше насочен кон станбена зграда во населбата Мазех, каде доаѓаат лидерите на Хезболах и на Иранската револуционерна гарда. Загинаа најмалку две лица, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.
Лондон, 2 октомври 2024 (МИА) - Во израелски воздушен напад извршен денеска врз Дамаск загинаа две лица, во втор напад за два дена врз населба во која се наоѓаат безбедносните штабови и амбасадите.
„Израелски воздушен напад беше насочен кон станбена зграда во населбата Мазех, каде доаѓаат лидерите на Хезболах и на Иранската револуционерна гарда. Загинаа најмалку две лица, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија. зш/