• сабота, 21 декември 2024

Две жртви во сообраќајна несреќа кај охридското село Ботун

Две жртви во сообраќајна несреќа кај охридското село Ботун

Охрид, 29 ноември 2024 (МИА) -  Две лице го загубија животот во сообраќајна несреќа што денеска се случи на магистралниот патен правец Охрид- Кичево, во близина на селото Ботун.

До несреќата дошло при превртување на возило што се движело од насока од Кичево кон Охрид, на девијацијата на патот во изградба, пред селото Ботун.

На тоа место моментално се работи на изградбата на новиот автопат, а сообраќајот се одвива со девијации односно со пренасочување на возилата од една на друга автопатска лента.

Инаку, моментално во охридскиот регион врне дожд што дополнително го отежнува одвивањето на сообраќајот и придонесува за лизгавост на коловозот.

Потрпаролот на СВР - Охрид ја потврди информацијата и најави повеќе детали за несреќата во текот на денот. аб/лв/

фото/МИА архива

Остани поврзан