• среда, 27 ноември 2024

Два услова на ДУИ за избори - да не се загрози здравјето на граѓаните и да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР

Два услова на ДУИ за избори - да не се загрози здравјето на граѓаните и да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР
Скопје, 6 мај 2020 (МИА) - Ставот на ДУИ во врска со изборите е дека треба да се исполнат два критериуми за одржување на избори. Односно, изборите би можеле да се одржат било кога, доколку се исполнат два услова - едниот е Комисијата за заразни болести да каже дека таков процес нема да загрози здравје на граѓаните и второ - ОБСЕ/ОДИХР да констатира дека можат да ги следат изборите,изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Рече дека вториот услов бил споменат и по вчерашната комуникација со телата на ЕУ, кои, како што посочи Османи, сметаат дека одлуката за избори е наша, меѓутоа е многу важно да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР во изборниот процес. - Тоа значи дека доколку овие два услови се исполнуваат, ако Комисијата каже дека нема ризик за здравјето на луѓето да гласаат да се организираат, и набљудувачите да констатираат дека можат да дојдат да ги следат изборите, ние сме на став дека изборите можат било кога да се одржат, рече Османи. Според него, за да се одржат изборите, треба да се направи анализа врз основа на постоечките параметри, врз основа на еден тренд. - Затоа на пример, и мерките на олеснување не ги даваме денеска ги планираме во петок, за да имаме една недела тренд. Кога ќе треба да се донесе одлуката за избори, Комисијата треба стручно да го види трендот, бидејќи трендот ја покажува проекцијата за наредниот период, какви ќе бидат наредните десет или дваесет дена, оцени вицепремиерот Османи. нд/са/   

Остани поврзан