• среда, 27 ноември 2024

Два тони отпад отстранети при чистење комунални отпадни води во Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково

Два тони отпад отстранети при чистење комунални отпадни води во Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирнотоподрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Во текот на јуни се пречистени вкупно 60.518 м³ отпадна вода. Од механичкиот предтретман се отстранети приближно два тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита, крпи, марамици...) и 19 08 02 ( отпад од песколовец -песок). Ова денеска го соопштија од ЈП Водовод и канализација од каде информираат дека во Пречистителната станица за отпадни води -Волково се прават анализи на параметри кои се предвидени во дозволата заиспуштање на отпадна вода во реката Лепенец. Во периодот од 01.06.2022 до 30.06.2022 беа изработени анализи на 18 примероци од две мерни места. Направените анализи во јуни покажуваат задоволителни резултати и висок процент на ефектот на пречистување, а вредностите на параметрите на излез се движат во границите на максимално дозволените концентрации според Правилник - Службен весник на РСМ бр.73 од 31.05.2011 година, посочуваат од ЈП Водовод и канализација. рп/сст/

Остани поврзан