• петок, 27 декември 2024

Притвор од осум дена за двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола

Притвор од осум дена за двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола

Скопје, 27 декември 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица осомничени за напад на полициски службеници во Битола. На предлог од надлежен јавен обвинител, на двајцата им е определен притвор во траење од осум дена. 

Осомничените, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, со ножеви им се заканиле на двајца полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола.

- Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство. дма/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан