• среда, 25 декември 2024

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата

Тирана, 9 септември 2024 (МИА) - Со спасителна акција организирана од албанската полиција во заливот Филикури биле спасени двајца македонски туристи кои биле блокирани во заливот.

- Службите на Полициската станица Химара, заедно со екипа спасувачи, по добиеното известување дека двајца туристи се блокирани на плажата Филикури, а еден од нив се лизнал и се здобил со повреди, организирала спасителната акција, јавија албанските медиуми.

На жената која се здобила со повреди од лизгањето и падот ѝ била укажана прва помош и била транспортирана до градската болница. Според информациите, таа е добра здравствена состојба. 

- Полицијата гарантира дека е секогаш блиску до граѓаните и посетителите, подготвена да понуди помош во секој случај. За секоја слична ситуација граѓаните можат да се обратат на бесплатниот број 112, објави полицијата.

Македонските, по косовските, се најбројни туристи кои за одмор го избираат албанското крајбрежје. Нивниот број оваа сезона надминува 400 илјади. вт/ар
Фото:Албанска полиција

 

 

Остани поврзан