• понеделник, 23 декември 2024

Дванаесет добитниците на признанието „Осми ноември“ на градот Штип

Дванаесет добитниците на признанието „Осми ноември“ на градот Штип

Штип, 30 октомври 2024 (МИА) - Осмоноемвриското признание на Општина Штип годинава ќе биде доделено на 12 граѓани и здруженија. Кирил Панајотов од Општина Штип информира дека признанијата се доделуваат за нивниот придонес за развој на градот во текот на годината. Пилотите, Драган Јовановски и Методка Стојанов кои учествуваа во гасењето на пожарите на планината Серта, но и на сите пожари во земјава се носители на Осмоноемвриското признание.

-Следно е Здружението за социјална инклузија и доживотно образование, НЕЦИ, Стојан Арсов за афирмација на спортот. Носители се и Стојан и Марија Димкови за заштита и афирмација на правата и вредностите на Македонците од егејскиот дел на Македонија. Иван Костевски за афирмација и постигнувања на меѓународни натпревари, Кирил Кузманов го добива осмоноемвриското признание во сферата на музиката, Виктор Велинов за афирмација на спортски клубови, Мишко Џидров во сферата на високото образование и професор Методи Хаџи-Јанев во неговата сфера во безбедноста. Добитник е и Јасминка Чалева Лазовска за афирмација на градот и Ликовното студиот Колорес, вели Панајотов.

Осмоноемвриската награда се доделува на секои пет години, а признанието секоја година. Признанието се добива за тековни активности во изминатата година. Добитниците признанијата ќе ги добијат на свечена седница на Општина Штип на 8 ноември.вдј/ир/

Фото: МИА

Остани поврзан