• понеделник, 23 декември 2024

Дарко Каевски - нов портпарол на СДСМ

Дарко Каевски - нов портпарол на СДСМ
Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го назначи Дарко Каевски за нов портпарол на партијата, откако претходниот, Костадин Костадинов, беше избран за градоначалник на Струмица.
- Каевски е магистер по Право на интелектуална сопственост, а во тек се неговите докторски студии.
Пратеник е во Собранието на Република Северна Македонија и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Каевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт, претходно работел во приватниот сектор.  Во периодот 2018-2020 беше претседател на Социјалдемократската младина СДММ, соопшти СДСМ за биографијата на Каевски.
Партијата наведува дека нејзините портпароли - Дарко Каевски и Богданка Кузеска,  им стојат на располагање на новинарите и јавноста за прашања од каков било интерес. хс/дма/

Остани поврзан