• сабота, 12 октомври 2024

Дарио Иванов и Адријана Поп Арсова победници на третиот Маратон „11-ти Октомври“ во Лозово

Дарио Иванов и Адријана Поп Арсова победници на третиот Маратон „11-ти Октомври“ во Лозово

Велес, 11 октомври 2024 (МИА) - Македонскиот маратонец и олимпиец Дарио Иванов и маратонката Адријана Поп Арсова се победници на третиот маратон „11 Октомври“, што на 15 километри денеска се одржа во Лозово, а на кој учество земаа 56 атлетичари и рекреативци од земјава. Второ пласиран во машка конкуренција е Александар Арсов од Штип, а трет Жан Тосев од Струмица. Четврти на целта пристигна Роберто Димитриевски од АК „Велес“. Втора на целта во женска конкуренција пристигна Билјана Ристиќ, а трета Ирма Хајдари.

Организаторот, Општина Лозово со подршка од фирми- спонзори односно нејзиниот прв човек градоначалникот Бошко Цветковски кој ја иницира и прв успешно  ја организира веќе трета година оваа маратонска трка, на најдобите им врачи медали, пехари и парични награди. Воедно, беа доделени и благодарници за највозрасниот и најмлад учесник и уште неколку други категории.

Освен за возрасните, трета година се одржа и Детската трка на 100, 200 и 400 метри на која учество земаа над 80 деца и млади од 7 до 15 години. Градоначалникот Бошко Цветковски им врачи медали и признанија на најдобрите во сите категории од Детската трка во машка и женска категорија.

Професорот по физичко Антонио Китановски  од ООУ „Методија Митевски Брицо“ во Лозово кој работи со децата и воедно секоја година е меѓу најуспешните учесници на трката, за МИА истакна дека е за пофалба што Општина Лозово веќе трета година ги вклучува и најмладите со организирање и на Детска трка и со тоа ги мотивира на спортување .

-Во рамките на третиот Маратон „11 ОКтомври“ паралелно со старт на трката за возрасни   но на друг стар и цел  во непосредна близина на трката за возрасни кај Поштата во Лозово,веќе трета година успешно  се одржува и Детската трка за која можам да оценам дека од година во година има се’ поголем интерес освен кај машките и кај девојчињата, а кои се мотивирани и да победат во неа,Јас како професир во рамките на часовите по физичко освен фудбал,кошарка,ракомет и одбојка редовно ги тренирам децата за атлетските дисциплини меѓу кои и за трчање, како и за гимнастика.Овој пример на Општина Лозово треба да го следат и другите општини во земјаваи да ги мотивираат децата и младите на трчање и спортување, порача професорот  Китановски.

Воедно за истакнување е што  учеството за овој веќе традиционален Маратон„11 Октомври“ што трет пат го организира Општина Лозово е бесплатен за сите учесници,а кои воедно бесплатно  добиваати и  маица овошје, витамини,па и протеински чокалатца и блага и   сокови и флаширана вода а која им се дели и на неколку попатни станици за време на трката.Инаку во  останатите градски и планински треил  трки во земјава сите  учесниците   мораат да платат парична котизација за учество во трката  од 1000 до 1500 и повеќе денари.ад/бт/

 

Остани поврзан