• сабота, 20 јули 2024

Данска може да смести 60 отсто од своето население во подземни бункери во случај на војна

Данска може да смести 60 отсто од своето население во подземни бункери во случај на војна

19 Јули 2024

Анадолија

Данска има простор да смести најмалку 3,6 милиони луѓе во подземни бункери доколку некогаш има потреба да го засолни населението во случај на војна или катастрофа.

Подземните засолништа и бункери би собрале околу 61 отсто од данското население, пишува данскиот дневен весник „Јиландс Постен“, додавајќи дека последниве две години властите го прошируваат просторот за засолништа.

Чекорот за ревизија на подземните бункери, вклучително и јавните засолништа и места во домовите како дополнителни простории под гаражите, започна во 2022 година поради руско-украинската војна.

Некои безбедни простории се користат за други намени во мирновременски услови и треба да бидат подготвени за употреба во време на потенцијална криза, според ревизијата.

Претходно, во соопштение објавено од данското Министерство за надворешни работи се вели: „Процената на сегашната воена безбедност не покажува дека постои воена закана против Данска. Бидејќи засолништата се предвидени да ги користат граѓаните при воени дејства во Данска, не постои акутна потреба од подготовка на засолништата и безбедните простории“.

Сепак, Министерството ги предупреди своите граѓани дека доколку се прошири нуклеарна емисија од воена Украина во Данска, населението треба да се засолни во затворени простории за да се избегне ризик од радијација. „Во ситуација со нуклеарни емисии, засолништата нема да обезбедат дополнителна заштита“, се додава во соопштението.

Министерството информира дека данските општини се одговорни за јавните засолништа, а одговорноста за безбедните простории е на сопственикот на зградата под надзор на општините во однос на нивното подготвување за употреба.

Остани поврзан