• сабота, 15 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гутереш ги нарече злосторство кратењата на хуманитарната помош на западните земји за бегалците Рохинџи од Мјанмар

Гутереш ги нарече злосторство кратењата на хуманитарната помош на западните земји за бегалците Рохинџи од Мјанмар

Кокс Базар, 14 март 2025 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го окарактеризира како злосторство намалувањето на хуманитарната помош од страна на САД и европските земји.

Гутереш е во четиридневна посета на Бангладеш за да ја види состојбата на повеќе од еден милион бегалци Рохинџи од Мјанмар чија помош е загрозена поради нејзиното можно намалување.

Тој рече дека ОН ќе сторат се што е можно за да обезбедат соодветно финансирање за бегалците по неодамнешната најава за големи кратења на помошта од САД и другите земји во Европа.

Светската програма за храна, агенција на ОН, неодамна објави дека нема да има друга опција освен да ја преполови помошта во храна за бегалците Рохинџи од април, доколку тие не успеат да обезбедат соодветно финансирање. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан