Грбавиот кит сè уште е во водите во близина на германскиот брег
- Грбавиот кит кој се насукуваше на песочни гребени во Балтичкото Море, не успева да се ослободи. Животното сè уште е во заливот Висмар, изјави за ДПА портпаролот на водната полиција во северниот германски град.
Шверин, 30 март 2026 (МИА) – Грбавиот кит кој се насукуваше на песочни гребени во Балтичкото Море, не успева да се ослободи. Животното сè уште е во заливот Висмар, изјави за ДПА портпаролот на водната полиција во северниот германски град.
- Да, сè уште е таму. Ситуацијата е иста како и вчера – рече портпаролот.
Животното не се поместило од местото. Истовремено, сега има помалку вода отколку во неделата. Тоа ја прави ситуацијата малку потешка.
Портпаролот не можеше да каже што ќе се случува понатаму. Тоа би требало да го одлучат експертите откако ќе ја проценат ситуацијата.
Китот привлече огромно медиумско внимание откако се насука на песочен гребен кај плажата Тимендорфер во северна Германија, во близина на градот Либек, пред една недела. Тој беше ослободен во четвртокот. Потоа се насука во заливот Висмар, но успеа сам да се извлече.
Според експертите, китот со должина од 12 до 15 метри не е во добра здравствена состојба. јт/мс/
Фото: ЕПА