• вторник, 24 декември 2024

Граѓани од населба Автокоманда повторно на протест, незадоволни се од новиот снабдувач со топлинска енергија

Граѓани од населба Автокоманда повторно на протест, незадоволни се од новиот снабдувач со топлинска енергија

Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) - Граѓани од населбата Автокоманда денеска повторно излегоа на улица за да изразат незадоволство од новиот начин на снадбување со топлинска енергија. Негодуваат дека не биле навремено известени за промените на договорите, ниту пак им бил даден избор да одлучат дали сакаат да се греат под новите услови.

Жителите на Автокоманда велат дека немаат греење после 22 часот, а неретко парното наместо во 6 часот им се вклучува во 7 часот наутро.

Автокоманда протест топлинска енергија

-Ни кажаа во сметките ќе нема разлика нема да има промени, а во затоплувањето има разлики некаде 15 за 22 навечер го исклучуваат греењето и сабајле треба во 6 да го вклучат, тие во 7 ни го пуштаат. Ние имавме средба со ЕСМ ни рекоа Владата така одлучи, па кој е владата ние ја гласаме ова требаше да се направи пред сезона затоа што ние имаме мали деца, имаме стари луѓе да се подготвиме ќе прифатиме некои работи поради светската криза, ама не на ваков начин и во ова време, порача Слободан Павлов.

Автокоманда протест топлинска енергија

Додаде дека граѓаните се разочарани и дека не сакаат да ги платат сметките, меѓутоа им било речено дека ќе си го решаваат тоа на суд и смета дека ова за граѓаните претставува еден вид закана и притисок.

-Воопшто и не бевме прашани ни го раскинаа договорот не префрлаат, ниту сме прашани, ниту сме дале согласност, ниту пак знаеме по која цена и по колку часа дневно ќе имаме греење. Нека прашаат кој сака сака, кој не сака едноставо нема да користи парно и нема да има потреба цела година сметка да плаќа за пет часа греење, додаде друг жител на општината.

Рекоа дека Претседателот Стево Пендаровски не ја прифатил поканата за средба и не изразил поддршка.

-Не може Владата да го менува нашиот снабдувач со топлинска енергија без да не праша нас, потрошувачите од утре започнуваме консултации со адвокати со цел започнување правна битка пред судовите ќе ја разгледаме можноста да не ги плаќаме сметките, ние како корисници немаме никаков договор, а со тоа ниту обврски кон ТЕТО, ако Владата одлучила таа нека им плати ние имаме договор со ЕЛЕМ енергетика и редовно си ги плаќаме сметките ние сме задоволни од ЕЛЕМ и ти е од нас, појасни Павлов.

На протестот беше присутен и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој целосно ги поддржа барањата на жителите.

-На моја иницијатива во петокот се одржа средба со престатвници на ЕСМ, меѓутоа барањата на граѓаните не беа слушнати воопшто, ниту пак се даде конкретен одговор. На средбата беше присутен и претстедателот на урбаната заедница, настапија со три барања, но не беа прифатени. Барањата на граѓаните се разумни и реални, недозволиво е во тек на грејна сезона да се префрлаат на друг снабдувач како што соопштија и некои од нив имаат мали деца, стари луѓе, кои не се подготвени во вакви услови да ја поминат зимата со промена на снабдувач и временски интервал на затоплување, изјави градоначалникот.

Автокоманда протест топлинска енергија

Додаде дека иако нема ингеренции директно да одлучи за парното ќе продолжи да ги поддржува.

Имнформира дека согласно информациите со кои располага најверојатно следно од ЕЛЕМ ќе бидат исклучени и населбите Железара, Маџари и Хиподром.

Ова е третпат како граѓаните излегуваат на протест поради незадоволство од новиот снабдувач со топлинска енергија.

АД ЕСМ претходно соопшти дека спроведува промени во системот на греење со цел стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите 62.000 потрошувачи.

 

- Промените, нагласуваат од АД ЕСМ, значат дека одреден број потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија. Овие потрошувачи на Енергетика досега добиваа парно греење 24 часа. Од 1 февруари, 2.000 потрошувачи од Енергетика, од вкупно 4.000, се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување (главната градска мрежа на која се снабдува Скопје), додека за другите 2.000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење, како и останатиот дел од градот. По воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45 проценти, информираа од АД ЕСМ.

 

Причината за воведените промени, велат од компанијата, е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето било испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас. свс/ац/

 

Остани поврзан