Граѓаните затекнати во Словенија тргнаа дома за Северна Македонија
- Нашите граѓаните кои поради коронавирусот беа затекнати и заглавени во Словенија, утрово го продолжија патот за Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Љубљана, 26 март 2020 (МИА) - Нашите граѓаните кои поради коронавирусот беа затекнати и заглавени во Словенија, утрово го продолжија патот за Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Се работи за вкупно 42 лица, а најголем дел од нив доаѓаат од Италија и Германија. Се очекува во текот на денот да пристигнат во Северна Македонија, по што ќе треба да бидат сместени во државен карантин.
Во решавањето на целата ситуација директно беше вклучена и Амбасадата на Северна Македонија во Словенија. ав/ир