• сабота, 23 ноември 2024

Граната од Прва светска војна најдена во Битолско

Граната од Прва светска војна најдена во Битолско
Скопје, 12 јули 2022 (МИА) - Неексплодирана артилериска граната била пронајдена на патот над битолското село Олевени, во место викано „Кај трите црквичиња“. Како што соопшти МВР, случајот вчера во Полициското одделение Велушина го пријавил З.Т.(37)  од Битола. Пријавил дека неговиот татко ја пронашол гранатата. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување - Битола гранатата била безбедно подигната и било констатирано дека станува збор за артилериска граната калибар 105 милиметри од Првата светска војна. мд/цр

Остани поврзан