• понеделник, 23 декември 2024

Град Скопје со еко акција го одбележа Меѓународниот ден шумите

Град Скопје со еко акција го одбележа Меѓународниот ден шумите

21 март 2024 

Почитувани,


По повод одбележување на 21 Март - Меѓународниот ден на шумите, Град Скопје во соработка со скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ и градските средни училишта организира голема еко акција за пошумување на парк шумата Гази Баба. Во рамките на оваа еко акција, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска заедно со 100 ученици засадија над 100 чемпреси во парк шумата Гази Баба. 


- Заедно со средношколците го одбележуваме Меѓународниот ден на шумите со акција за садење нови дрвја за зголемување на шумскиот фонд во нашето Скопје. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувување на здравјето на луѓето, а истовремено ја подигнуваме свесноста за важноста на животната средина и одговорниот однос кон неа без нејзино загадување и уништување. Истовремено, Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности за садење дрвја и садници на повеќе локации низ Скопје – изјави Арсовска. 


Во големата еко акција за пошумување учествуваат 100 средношколци од  средните училишта на Град Скопје „Боро Петрушевски“, „8-ми Септември“, „Михајло Пупин“ и „Панче Арсовски“.

Град Скопје 

__________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Фејсбук на градоначалничката Арсовска 

 

 

Остани поврзан