• вторник, 24 декември 2024

Град Скопје: Казнети шест превозници, изречени три казни за прекршување на јавната чистота

Град Скопје: Казнети шест превозници, изречени три казни за прекршување на јавната чистота
Скопје, 27 јануари 2022 (МИА) - Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот и во текот на изминатиот месец проверени се 18 превозници, од кои на шест им се изречени казни, информираат од скопската локална самоуправа. - Воедно, екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатата недела извршија засилени контроли на терен за почитување на комуналниот ред и јавната чистота и изречени се три казни за прекршување на Законот за јавна чистота, соопштуваат од Градот. Оттаму истакнуваат дека го продолжуваат засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли и на јавните површини. - Неселективно ќе се санкционираат сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, потенцираат од Град Скопје. ир/сп/

Остани поврзан