• сабота, 23 ноември 2024

Град Скопје: Еколошка акција за пошумување на парк шумата Водно

Град Скопје: Еколошка акција за пошумување на парк шумата Водно

Скопје, 25 март 2024 

Почитувани,


Град Скопје во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ и градските средни училишта организира голема еколошка акција за пошумување на парк шумата Водно. Во рамките на оваа голема  еко акција,  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со стотина ученици од скопските средни училишта „Јосип Броз Тито“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ на Водно засадија 100 садници црн бор.


Со еко акција за садење нови дрвја за зголемување на шумскиот фонд во нашето Скопје заедно со скопските средношколци ја подигаме свесноста за потребата од чување и заштита на животната средина. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувување на здравјето, а истовремено ја потенцираме важноста од одговорниот однос кон животната средина без нејзино загадување и уништување. 


Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности на садење дрвја и садници на повеќе локации низ Скопје, како еден од проритетите од програмата за Модерно Скопје. Во текот на изминатата недела градоначалничката Арсовска со учениците од скопските средни училишта  „Боро Петрушевски“,„8 ми Септември“,„Михајло Пупин“ и “Панче Арсовски“ засадија 100 чемпреси во парк шумата Гази Баба.

Со почит,

Одделение за односи со јавност
Град Скопје

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Град Скопје 

 

Остани поврзан