• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалникот на Општина Кисела Вода разреши директорка на основно училиште која поседувала лажна диплома за странски јазик

Градоначалникот на Општина Кисела Вода разреши директорка на основно училиште која поседувала лажна диплома за странски јазик

Скопје, 14 февруари 2024 (МИА) – Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски разреши директорка на основно училиште која поседувала лажна диплома за странски јазик. Вели дека нема компромиси кога е во прашање спроведувањето на законите и апелира до надлежните институции да го расветлат случајот, работејќи непристрасно и водејќи се исклучиво според законодавната легислатива.

Ѓорѓиевски потенцираше дека правдата мора да излезе на виделина и при тоа да нема никакви негативни последици врз учениците и наставно-научниот процес.

–Нема компромис кога е загрозен законот. Директорката веднаш е разрешена. По добиените информации дека една директорка на основно училиште поседувала лажна диплома за странски јазик, донесов одлука за нејзино разрешување. При самиот избор, разгледувањето на документацијата и интервјуто од страна на Училишниот одбор не било возможно да се увиди дека списите не се регуларни, при што е изготвен извештај за избор на најдобар кандидат, кој што ќе биде поништен, и наскоро училиштето ќе добие нов в.д. директор, истакна Ѓорѓиевски.

Правдата мора да излезе на виделина, вели Ѓорѓиевски, при тоа да нема никакви негативни последици врз наставно-научниот процес и врз самите ученици. 

–Апелирам надлежните институции да го расветлат случајот до крај, непристрасно, исклучиво водејќи се според законодавната легислатива. Врвен интерес преставува владеењето на правото и работа во интерес на сите граѓани на Општина Кисела Вода, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. ра/вј/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан