• понеделник, 15 декември 2025

Градоначалникот Грозданов и директорот на „Водовод“ - Кочани го посетија манастирот „Пресвета Богородица“

Градоначалникот Грозданов и директорот на „Водовод“ - Кочани го посетија манастирот „Пресвета  Богородица“

Кочани, 14 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и директорот на КЈП „Водовод“  Дејан Анакиев денеска  го посетија манастирот „Пресвета Богородица“ во месноста „Добра Вода“, во близина на кочанската населба Оризари. 

При тоа, двајцата извршија увид во тековните градежни активности во врска со изградбата на кујна во дворот на манастирот, наменета за подобрување на условите за престој и организирање на манастирските активности.

Над кујната, според предвиденото,  ќе се гради конак со три простории за престој, а ќе се уредува и дворната површина на манастирот.

Овие градежни активности, според членовите на црковниот одбор, треба да се завршат во првата половина од наредната 2026 година.

Средствата се обезбедени од донатори кои потекнуваат од Оризари и Кочани. Некои од нив работат во странство, дел се претставници на општествено одговорни фирми и физички лица. Општината, исто така, учествува во заокружувањето на финансиската конструкција. ис/мд/

фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан