• вторник, 24 декември 2024

Голем пожар уништи 200 куќи на карипски остров

Голем пожар уништи 200 куќи на карипски остров
Тегусигалпа, 3 октомври 2021 (МИА) - Голем пожар уништи или оштети повеќе од 200 куќи и други објекти на островот Гуанаја, крај брегот на Хондурас. Стотици жители беа принудени да се евакуираат од оваа туристичка дестинација. Четири лица се повредени во пожарот, кој целосно уништи 90 куќи и оштети уште 120, вклучувајќи и некои деловни објекти, потврдија властите на Хондурас. „Можеме да потврдиме дека немаме човечки загуби, само огромна материјална штета“, рече Мак Гонзалес, директор на Агенцијата за  вонредни состојби во Хондурас. Како што јавуваат странските агенции, пожарот избувнал пред зори, а жителите сами се обиделе да го стават под контрола бидејќи на островот нема противпожарна служба. Гуанаја е најисточниот од трите заливски острови, долг околу 18 километри и широк шест километри и опкружен со корален гребен, што го прави привлечен за нуркачите. Овој карипски остров е оддалечен околу 70 километри од северниот брег на Хондурас. паг/    

Остани поврзан