Голем дел од општина Карпош остана без електрична енергија, екипи на ЕВН работат на поправка на дефектот
- Поради испад во трафостаница во општина Карпош, поголем дел од општината е без електрична енергија, соопштија од Општина Карпош.

Скопје, 12 јануари 2025 (МИА) – Поради испад во трафостаница во општина Карпош, поголем дел од општината е без електрична енергија, соопштија од Општина Карпош.
Во известувањето наведуваат дека без електрична енергија е поголем дел од општината, односно населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани, додека во моментот веќе се излезени екипи на терен и работат на поправка на дефектот.
– Поради испад во трафостаница без електрична енергија е поголем дел од општина Карпош и тоа населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани. Од ЕВН нè информираа дека нивните екипи се веќе на терен и работат на поправка на дефектот, наведуваат од Општина Карпош. ра/ев/
Фото: МИА архива