• сабота, 23 ноември 2024

Годинава нема да има пролетен распуст, се покажал како непотребен

Годинава нема да има пролетен распуст, се покажал како непотребен

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Годинава, основците и средношколците нема да имаат пролетен распуст, одлучи Министерството за образование и наука врз основа на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои во мнозинство се изјасниле дека ваков распуст не е потребен. Учебната година ќе трае од 2 септември до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. 

- Зимскиот одмор започнува на 31 декември, а завршува на 19 јануари. Летниот пак, започнува на 11 јуни, а завршува на 31 август. Пролетен распуст, нема да има. Оваа одлука произлезе од резултатите на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои мнозинството се изјаснија дека ваков распуст не е потребен, рече на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

Утре почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН година ќе новата учебна година ќе почне за  245 илјади ученици во основ

Наставата започнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има за учениците од неколку училишта каде, како што нагласи, претходното раководство не исполнило одредени свои обврски, како на пример ненавремено завршување на реконструкција или набавка на опрема – клупи и столчиња за учениците.

Јаневска додаде дека според информициите со кои располагаат во 140 училишта ќе се одвива едносменска настава, за која како Влада се залагаат да се воведе во сите училишта во државата.

- Правиме анализа за да увидиме во кои објекти треба дополнително да се инвестира во капацитетите, за да може да се прошири едносменската настава од следните години и во други училишта, рече Јаневска. 

Таа информира и дека за потребите на учениците со попреченост, ќе бидат ангажирани над 1000 образовни асистенти, а огласите за 820 се спроведени и по целосно завршување на постапката за избор, тие ќе почнат со своите активности и надлежности. сст/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан