• среда, 11 декември 2024

Глобалната организација за забрана на хемиското оружје свика состанок за ситуацијата во Сирија

Глобалната организација за забрана на хемиското оружје свика состанок за ситуацијата во Сирија

Хаг, 11 декември 2024 (МИА) - Организацијата за забрана на хемиско оружје утре ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во Сирија, поради загриженоста за резервите на токсични хемикалии во таа земја. Организацијата завчера и порача на Сирија дека е должна да ги почитува правилата за заштита и уништување на опасни супстанции, откако бунтовниците влегоа во Дамаск викендот и го соборија режимот на претседателот Башар ал Асад.

Состанокот го свика извршниот совет на организацијата за да се разговара за актуелната ситуација во Сирија, како и за статусот на тековните истраги во земјата.

Режимот на Асад негираше дека користел хемиско оружје, но Оорганизацијата најде докази кои сугерираат дека Сирија постојано користела гас против цивили за време на граѓанската војна. Претходно оваа година беше откриено дека Исламската држава користела отровен гас иперит во борбите во градот Мареу во 2015 година.

САД соопштија дека ќе ја признаат и поддржат новата сириска Влада која се откажува од тероризмот, ги уништува залихите на хемиско оружје и ги штити правата на малцинствата и жените. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан