Германците масовно ја напуштаат Католичката црква: „Ова е тотално ослободување“
20 јули 2021
Дојче Веле, Бон
За да ја напуштите Црквата, мора да се вооружите со трпеливост. Нисен чекаше додека да закаже состанок. Во Келн има списоци на чекање во соодветните служби. Во соседен Бон, Окружниот суд го зголеми бројот на персонал поради зголемениот број барања од оние што ја напуштаат Црквата.
Но, тоа е обично тивок административен чекор. Затоа, Дорис Бауер вели: „За мене беше важно гласно да напуштам, а не во тишина“. Затоа, таа даде интервјуа и разговараше со многу познаници во парохиската заедница. А, денес вели: „Повеќе не сакам да се пристапувам на никоја друга конфесија“.
Засолниште кај старите католици
Други, пак, прават официјален чекор и се приклучуваат на друга црква. Еден од нив сака да се приклучи на Старокатоличката црква, која е независна од Ватикан.
Дали ова сега се случува почесто? Дали Старокатоличката црква, основана пред околу 150 години, по спорот околу „непогрешливоста“ на папата на Првиот ватикански собор (1870/1871), го забележува ова? Матијас Ринг, бискуп на Старокатоличката црква во Германија, зборува за „статистичка аномалија“. Неговата епархија низ Германија забележала ист број пристапи од јануари до мај 2021 година како и во целата претходна година - 180. Ова, точно е, не е голем број. Но, ова сè уште се забележува во Црквата, која има само 15.000 членови во Германија.
Според бискупот Ринг, ова не е распространета појава. Почести примери се бележат во Келн и Бон. Тој за ДВ изјави дека слушнал од неговите свештеници дека се сменил типот на оние кои се приклучиле на Старокатоличката црква. „Сега има луѓе кои припаѓаа на јадрото на Католичката црква и беа активни таму“. паг/
Стотици илјади верници секоја година ја напуштаат Црквата во Германија. Како што пишува Дојче веле, црковните водачи се згрозени, а водачот на Германската бискупска конференција вели: „Црквата мора да се соочи со ова отворено и праведно“.
"Долго време тоа ме окупираше. А, потоа дојде тоталното ослободување", изјави Дорис Бауер (53), која минатата година ја напушти Католичката црква. Покрај тоа, Дорис беше исклучително активен католик. Во парохијата Света Агнес во Келн, таа е ангажирана како лекторка и помага во споделувањето на светата причест.
Дипломиран социјален работник и социјален педагог, таа исто така е вклучена во движењето Марија 2.0, кое се бори за еднакви права на жените во Католичката црква. Бауер е една од
441. 000 христијани во Германија кои минатата година и свртеа грб на Црквата - католичка или протестантска. Всушност, таа е една од 221.390 кои ја напуштија Католичката црква во таа земја во 2020 година. Сепак, и двете големи цркви во Германија, протестантската и католичката, забележаа 50.000 повлекувања помалку во годината на короната отколку во 2019 година.
Германска посебност - црковен данок
Интересно е колку детално е регулирано повлекувањето од Црквата во Германија и колку точно е се бележи тој број. Секој што сака да ја напушти црквата, мора да поднесе барање до надлежната државна служба. Барањето потоа се испраќа до надлежната парохија.
Речиси во ниту една земја нема толку строга врска помеѓу членството во црквата и плаќањето на црковните даноци. Затоа, бројот на оние што ја напуштаат Црквата во Германија е забележан попрецизно отколку во другите земји. И затоа, во годишната статистика, одговорните се занимаваат и со причините зошто луѓето донесуваат такви одлуки.
„Многумина ја изгубија довербата и напуштајќи ја Црквата сакаат тоа да го изразат“, вели Георг Батинг, претседавач со Бускупската конференција во Германија. Тој нагласува дека Црквата мора „отворено и праведно да се соочи со ова“.
Претседателот на Советот на Евангелската (протестантска) црква во Германија, бискупот Хајнрих-Бедфорд-Стром, вели дека со секое одделно заминување од Црквата, се поставува прашањето - „Што можеме ние како Црква да направиме за да ги убедиме луѓето во значењето на членството во нашата Црква? ".
Сексуална злоупотреба - една од причините
Дорис Бауер многу конкретно ги наведува причините за нејзиното напуштање на Црквата. Таа беше поттикната да размислува за однесувањето на католичките бискупи по објавувањето на студија од 2018 година, всушност сеопфатен научен труд што ги истражуваше причините и врските околу темата за сексуална злоупотреба извршена од црковни службеници. „Црковните службеници не сакаат промена, не сакаат родова еднаквост“, вели верничката од Келн. „Црквата се претставува како морална инстанца, но не ги живее своите сопствени вредности“.
Мешавина од лутина, тага и храброст
Ден по објавувањето на новите бројки, Андреас Нисен од Келн исто така одлучи да ја напушти Црквата. „Четврток во единаесет часот“, вели 56-годишниот наставник кој нагласува дека Црквата е важна за него. Неговата сопруга и тој ги крстија децата, кои во меѓувреме пораснаа и „научија многу христијански вредности“. Но, тој сепак заминува. Со какви чувства? Нисен вели дека има лутина и тага, но и задоволство и храброст.
„Јазот меѓу христијанските вредности и постапките на официјалната Црква и оние кои се на власт станува сè поголем“, изјави Нисен за ДВ. Како Црквата ја третираше темата злоупотреба, според него, е „само врв на ледениот брег“.
Станува збор и за институционална моќ. „Оваа морална разлика помеѓу посветените луѓе и остатокот од светот е толку застарена“, истакнува 56-годишникот. И нешто друго е многу важно за него: Црквата не покажува дека ја цени социјалната разновидност. А, ова ја вклучува и темата - хомосексуалност.
Список на чекање за напуштање на Црквата