Германија вети дополнителни 300 милиони евра помош за Сирија
- Германија ќе додели дополнителни 300 милиони евра помош за Сирија, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во пресрет на донаторската конференција во Брисел.

Брисел, 17 март 2025 (МИА) - Германија ќе додели дополнителни 300 милиони евра помош за Сирија, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во пресрет на донаторската конференција во Брисел.
„За оваа огромна задача, Германија ќе им обезбеди на ОН и на различни организации дополнителни 300 милиони евра помош за мировниот процес и за сирискиот народ и регионот“, Бербок пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија.
Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и донаторска конференција за Сирија во организација на ЕУ. рп/
Фото: МИА архива