Гери Генслер, претседател на Комисијата за хартии од вредност во САД ќе се повлече штом Трамп ја презеде функцијата претседател
- Гери Генслер, претседател на Комисијата за хартии од вредност, ќе поднесе оставка на 20 јануари, истиот ден кога Трамп ќе ја преземе функцијата.
Вашингтон, 21 ноември 2024 (МИА) - Највисокиот американски шеф на Комисијата за хартии од вредност, скептичен кон криптовалутите за време на администрацијата на Бајден, ќе се повлече во јануари кога Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата, објавија денеска официјални лица, јавија американските медиуми.
Гери Генслер, претседател на Комисијата за хартии од вредност, ќе поднесе оставка на 20 јануари, истиот ден кога Трамп ќе ја преземе функцијата.
Тој потег му го отвора патот на новоизбраниот претседател да го избере наследникот на Генслер. зш/