• вторник, 24 декември 2024

Герила акција против лажните вести во Скопје: Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!

Герила акција против лажните вести во Скопје: Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!
Скопје, 14 мај 2022 (МИА) - На повеќе локации низ Скопје анонимни активисти денеска поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во пласирани во земјава. Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморланоста и опасноста од манипулациите врз населението. - АСНОМ е избришан од Уставот - Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!, наведено е на едната макета. - Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци - На лагата и се куси нозете, а долги опашките!, се порачува од друга. - Путин ја ослободува Украина од фашизмот - Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!, гласи пораката на трета макета. - Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти - Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!, порачуваат авторите на герила акцијата. - За само две недели ова ќе ви го промени животот - Што ќе кликнеш тоа ќе жнееш!, гласи пораката на една од макетите од акцијата. сп/

Остани поврзан