• вторник, 26 ноември 2024

Герасимовски – Силвестри: Италијанскиот да се изучува во училиштата во Центар

Герасимовски – Силвестри: Италијанскиот да се изучува во училиштата во Центар
Скопје, 20 јануари 2022 (МИА) - Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски денеска на средба со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, му ги претстави неговите три програмски определби за подобрување на животот во општината - јавната хигиена, паркинзите и урбанистичкото планирање, а се разговораше и за можноста за изучување на италијанскиот јазик во основните училишта во Општина Центар. По средбата со Силвестри, како што информира Општина Центар, Герасимовски изјави дека согласно Законот за основно образование, постои можност за воведување на италијанскиот јазик како втор странски јазик за изучување во основните училишта во општината. -Со амбасадорот Силвестри дискутиравме за можноста Италијанската амбасада во Скопје да обезбеди професори и материјали за запознавање на учениците во петто одделение, за веќе во шесто одделение тие да можат да изберат да го изучуваат италијанскиот јазик како втор јазик. Во оваа насока, на мое големо задоволство, се договоривме во иднина да имаме уште неколку средби и да ја интензивираме традиционално добрата соработка помеѓу Амбасадата и Општина Центар, изјави Герасимовски. хс/лв/

Остани поврзан