• сабота, 27 јули 2024

Герасимовски: Цела механизација е на терен, се собира ѓубрето и се мијат контејнерите

Герасимовски: Цела механизација е на терен, се собира ѓубрето и се мијат контејнерите

Скопје, 10 јули 2023 (МИА) – Општина Центар рано утрово започна со чистење на отпадот. Во акцијата се вклучени речиси сите вработени од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ со целата механизација, како и голем камион за кревање контејнери. Покрај собирањето на ѓубрето на терен беше пуштена и цистерната која ги миеше контејнерите и просторот околу нив.

-  Уште рано наутро почнавме со чистење низ градот. Во сите населби има преполни контејнери и најави  од граѓани кои  стигнуваат од секаде. Целата механизација е на терен и очекувам денеска да се исчисти голем дел од општината. Оваа ситуација во која се наоѓаме  не смее да се повтори, затоа денеска со сите градоначалници ќе разговараме за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена”. Воедно им се заблагодарувам и на сите вработени кои со зголемени капацитети се вклучија во акцијата со цел побрзо чистење на општината, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој го водеше стартот на акцијата.

Герасимовски вчера најави чистење на општината со сопствени ресурси и ги поттикна другите градоначалници да ја сторат истата постапка. љм/дма/

 

Фото:Општина Центар

Остани поврзан