Герасимовски: Имаме обврска да се грижиме едни за други, Водици нека донесе мир, љубов и духовна сила на сите
- Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки до сите граѓани кои го празнуваат големиот христијански празник Водици.

Скопје, 19 јануари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки до сите граѓани кои го празнуваат големиот христијански празник Водици.
-Нека овој ден ни донесе мир, љубов и духовна сила на сите. Денеска, повеќе од било кога, имаме обврска да се грижиме едни за други, да вложуваме во нашите општини и да работиме за заедничка добробит. 2025-та да ни донесе повеќе меѓусебно разбирање, повеќе солидарност и помош, бидејќи само така ќе изградиме држава во која ќе сакаме да живееме, вели Герасимовски.
На младиот Станислав Пашоски тој му честита за храброста да го фати светиот крст во црквата Свети Јован Крстител во Капиштец и му посакува многу здравје, среќа и мир на него и на целото семејство. сст/дма/
фото Општина Центар