• недела, 13 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски: Велигден е потсетник дека само заедно можеме да изградиме праведно и солидарно општество

Герасимовски: Велигден е потсетник дека само заедно можеме да изградиме праведно и солидарно општество

Скопје, 20 април 2025

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод најголемиот христијански празник Велигден, упати честитка до граѓаните, нагласувајќи ја потребата од заедништво, социјална правичност и грижа за секој поединец – вредности кои ја обликуваат визијата за похумано и праведно општество.

-Велигден е празник кој го слави животот, надежта и човечноста. Тоа е време на длабока духовна смисла и можност да се потсетиме дека општеството го градиме заедно – со отворени срца, солидарност и чувство на одговорност кон секој човек, истакна Герасимовски.

Тој порачува дека празничните денови се можност не само за духовно обновување, туку и за поттикнување на емпатија и конкретни дела на добрина, особено кон најранливите категории на граѓани.

-Нашата цел како локална самоуправа е да бидеме блиску до луѓето – да слушаме, да помагаме, да создаваме можности. Велигден нека ни биде потсетник дека никој не смее да биде заборавен, дека секое семејство заслужува достоинствен живот, и дека само преку заедничка грижа може да напредуваме како вистинска заедница. Во секој дом нека владеат љубов, разбирање и топлина. Да го споделиме празничниот дух со сите околу нас и да продолжиме заедно да го градиме Центар како отворена, грижлива и правична општина. Христос воскресе!“, вели  Герасимовски.

Општина Центар

________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан