• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево и топло, максимална температура до 38 степени

Сончево и топло, максимална температура до 38 степени

Скопје, 13 јули 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Како што информираат од УХМР, во наредните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан