• понеделник, 23 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Генералниот секретар на ОН остро го осуди нападот врз туристите во Кашмир

Генералниот секретар на ОН остро го осуди нападот врз туристите во Кашмир

Њујорк, 23 април 2025 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, остро го осуди вчерашниот напад врз туристи во индискиот дел на Кашмир, во кој загинаа најмалку 26 лица, изјави неговиот портпарол.

„Генералниот секретар нагласува дека нападите врз цивили се неприфатливи под никакви околности“, додаде тој, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите во вооружениот напад.

Милитанти вчера отворија оган врз туристите во Пахалгам, на околу 90 километри од Сринагар на индиската територија Џаму и Кашмир, при што загинаа најмалку 26 лица.

Повеќето од загинатите се туристи, наводно од различни региони на Индија, а според најавата на првиот министер за Џаму и Кашмир, Омар Абдула, бројот на загинатите се уште се утврдува.

Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група на отпорот на Кашмир.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан