• четврток, 26 декември 2024

Генералниот секретар на ОН, Гутереш изјави дека десетици илјади цивили во Сирија се изложени на опасност

Генералниот секретар на ОН, Гутереш изјави дека десетици илјади цивили во Сирија се изложени на опасност

Њујорк, 5 декември 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави денеска дека десетици илјади цивили во Сирија се изложени на опасност.

„Тие кои имаат влијание нека го дадат тоа што се бара од нив за народoт на Сирија“, рече Гутереш.

Генералниот секретар на ОН повика на итен пристап до хуманитарна помош за сите цивили на кои им е потребна во Сирија и за обновување на процесот поддржан од Обединетите нации за ставање крај на крвопролевањето.

„Сите страни во конфликтот се должни да ги штитат цивилите“, потсети Гутереш. рп/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан