• понеделник, 23 декември 2024

Генералниот директор на МААЕ на средба со Зеленски во Киев по инспекцијата на нуклеарната централа Запорожје

Генералниот директор на МААЕ на средба со Зеленски во Киев по инспекцијата на нуклеарната централа Запорожје

Киев, 3 септември 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека денеска ќе се сретне со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси во Киев, по неговата посета на нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на Русија од почетокот на војната. 

Зеленски и премиерот на Холандија, Дик Схоф, вчера го посетија Запорожје, град што се наоѓа од другата страна на реката Дњепар, североисточно од атомската електрана, каде украинскиот лидер повтори дека Западот треба да испорача повеќе оружје со долг дострел на Киев.

Холандскиот премиер ја потврди „постојаната поддршка и учество“ на неговата земја за време на вчерашната посета на линијата на фронтот кај Запорожје, пренесе ДПА, повикувајќи се на негов пост на платформата „Икс“.

Зеленски објасни дека по посетата на Гроси на АЕЦ Запорожје, ќе се сретне со него во Киев. Украинскиот претседател додаде дека во овој момент од војната не е можно Украина да ја врати контролата над атомската електрана. ссм/

фото: архива

Остани поврзан