• петок, 22 ноември 2024

Гвидо Крозето: Ќе ги уапсиме Нетанјаху и Галант доколку дојдат во Италија

Гвидо Крозето: Ќе ги уапсиме Нетанјаху и Галант доколку дојдат во Италија

Рим, 21 ноември 2024 (МИА) -  Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето вечерва изјави дека ја смета погрешна одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налози за апсење на израелскиот премиер и министер за одбрана Бенјамин Нетанјаху и Јоав Галант, но рече дека, и покрај тоа, тие би биле уапсени доколку дојдат во Италија.

Според него, „Италија го почитува меѓународното право“.

„Мислам дека донесоа одлука со која израелскиот претседател и министерот за одбрана ги ставија на исто ниво со оние кои го организираа и водеа нападот што доведе до масакр и киднапирање на луѓе во Израел, поради што започна војната. Тоа се две сосема различни работи“, рече тој за време на гостувањето на телевизијата РАИ Уно. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан