• вторник, 17 декември 2024

Гвардиола објаснува зошто Манчестер сити го купи Грилиш за 100 милиони фунти

Гвардиола објаснува зошто Манчестер сити го купи Грилиш за 100 милиони фунти
Манчестер, 15 август 2021 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола објасни како се успеа во трансферот на играчот од средниот ред Џек Грилиш од Астон Вила, при тоа да се запази финансискиот фер-плеј. - Го купивме Грилиш затоа што продадовме играчи во вредност од 60 милиони фунти, па на крај за трансфери излегува дека имаме потрошено 40 милиони фунти. Во спротивно, не би можеле да го направиме ова. Секој сопственик на кој било клуб одлучува што сака. Нашите сопственици сакаат да живеат во овој свет, сакаат да купуваат фудбалери. Што е проблемот? - ги цитира зборовите на Гвардиола новинарот Фабрицио Романо. Манчестер сити го купи Грилиш од Астон Вила за 100 милиони фунти на 5 август 2021 година. Овој трансфер стана најскапиот во историјата на Премиер лигата. зс/

Остани поврзан