• недела, 16 март 2025

Гаши изрази сочувство до семејствата на загинатите, ги повика институциите да го расветлат случајот

Гаши изрази сочувство до семејствата на загинатите, ги повика институциите да го расветлат случајот

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши изрази сочувство за трагичната несреќа во дискотеката во Кочани каде загинаа 51 лице, а над 100 лица се повредени. 

- Со длабока тага ја примив веста за тешката трагедија во Кочани, каде што во огромен пожар животот го загубија повеќе од 50 лица и десетици други се повредени. Во моето лично име и во име на Собранието на РСМ, изразувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите. Ги повикувам надлежните власти да се ангажираат со посветеност за целосно расветлување на случајот, додека ние целосно се солидаризираме со оние кои поминуваат низ овие тешки моменти. Нашите молитви и мисли се со сите погодени од оваа трагедија, вели Гаши. бак/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан