• сабота, 23 ноември 2024

Гасоводот Србија - Бугарија со гас од Азербејџан ќе биде пуштен во пробна работа до крајот на месецов

Гасоводот Србија - Бугарија со гас од Азербејџан ќе биде пуштен во пробна работа до крајот на месецов

Белград, 18 ноември 2023 (МИА) - Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ по посетата на работите на изградбата на гасната интерконекција Србија-Бугарија, кои се во завршна фаза, изјави дека очекува новиот гасовод да биде пуштен во пробна работа пред крајот на месецот, јави дописникот на МИА од Белград.

- Работата се одвива според очекувањата и е во завршна фаза. Во станицата за мерење и регулација на гас Ниш 2 веќе се работи на детали, додека работите на Трупале како најголем објект на овој гасовод се завршени, рече Ѓедовиќ Хандановиќ.

Таа наведе дека следната недела Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе изврши контрола на интерконекцијата на гас, проверка на работите, со цел да се исполнат сите услови гасоводот да стапи во пробна работа пред крајот на ноември, како што беше планирано.

Ѓедовиќ Хандановиќ потсети дека се исполнети сите административни предуслови за испорака на гас од Азербејџан.

- Потпишан е договор меѓу Транспортгас и Булгартрансгас за гасна интерконекција. Со ова се исполнуваат договорните предуслови со сите инволвирани страни интерконекторот да влезе во пробна работа и да имаме друг извор на снабдување со гас во оваа грејна сезона, но и во иднина, што е многу важно за безбедноста на снабдувањето на нашите граѓани и економијата, рече Ѓедовиќ Хандановиќ.

Таа потсети дека оваа недела е потпишан договор за испорака на гас од Азербејџан до 400 милиони кубни метри годишно до 2026 година, а потоа, од 2027 година, тие количини може да бидат и до три пати поголеми. об/паг/

Фото:  Министерство за рударство и енергетика на Србија

Остани поврзан