• среда, 25 декември 2024

В недела предвремени делумни локални избори во БиХ: Речиси 310 илјади граѓани ќе можат да гласаат на 496 избирачки места

В недела предвремени делумни локални избори во БиХ: Речиси 310 илјади граѓани ќе можат да гласаат на 496 избирачки места

Сараево, 3 февруари 2023 (МИА) - Граѓаните на БиХ в недела ќе имаат можност да гласаат на вкупно 496 избирачки места од 7 до 19 часот, на предвремените избори за градоначалници, односно раководители на општини.

В недела, на 5 февруари, ќе се одржат предвремени избори за градоначалници на градовите Бихаќ, Тузла, Сребреник и Зворник и за раководители на општините Братунац и Вогошќа. Во Бихаќ, Тузла, Сребреник, Зворник, Братунац и Вогошќа избирачките места се отвораат во 7 часот, а се затвораат во 19 часот на денот на предвремените избори во недела.

Изборниот молк започнува 24 часа пред отворањето на избирачките места, односно во 7 часот на 4 февруари и трае до затворањето на гласачките места, односно до 19 часот на 5 февруари.

На изборите учествуваат вкупно 13 политички субјекти и тоа пет политички партии, една коалиција и седум независни кандидати. Сертифицирани се вкупно 18 кандидати. Кандидатските листи се објавени во официјалните весници и на веб-страницата на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина. ссм/

Остани поврзан