• вторник, 24 декември 2024

Вучиќ: Орбан „условно“ зборуваше за причината за војна во случај гасоводот да биде саботиран

Вучиќ: Орбан „условно“ зборуваше за причината за војна во случај гасоводот да биде саботиран

Белград, 31 август 2023 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска кажа дека унгарскиот премиер Виктор Орбан изјавил „условно“ дека посегнувањето по коридорот за снабдување со гас за Унгарија и Србија ќе биде причина за војна, јави дописникот на МИА од Белград.

-Се надеваме дека никој нема да помисли да ни го ускрати во текот на зимата тоа што ние и Унгарија го изградивме и плативме. Немаме индикации дека тоа е можно и верувам дека никој нема да помисли да се случи такво нешто, рече Вучиќ.

Тој рече дека „за тоа разговарал со Виктор (Орбан) и Бугарите неколку пати, а, како што рече, снабдувањето со гас за Србија е од клучно значење и би било „катаклизма“ ако тоа се случи“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарците веднаш јасно ставиле до знаење дека постои уште еден гасовод, не „Северен тек“, туку „Јужен тек“, преку кој гасот доаѓа од Русија по јужниот коридор, до Турција, Бугарија, Србија и Унгарија.

-Заедно со претседателот и премиерката на Србија јасно кажав дека ако некој сака да го стори истото со јужниот коридор, како што беше направено со северниот коридор, тогаш тоа ќе го сметаме за причина за војна, терористички напад и ќе реагираме веднаш, нагласи Орбан.

Вучиќ изјави дека Србија има големи резерви на гас, околу 630 милиони кубни метри, но дека гасоводната мрежа поради пропустливоста не може да црпи доволно количества гас од Унгарија и од складиштето во Банатски двор.

-Од две места можеме да извлечеме најмногу шест милиони кубни метри дневно, а во зима ни требаат 16 милиони кубни метри во одредени денови и потоа купуваме десет милиони кубни метри, а од резервите црпиме шест, рече Вучиќ. об/

Остани поврзан