Вучиќ: Не е фер што годинава работев три дена помалку од лани, а сега имам поголема плата
- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека годинава работел три дена помалку од лани, иако сега имам поголема плата и оцени дека тоа не било фер.
Белград, 5 декември 2024 (МИА) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека годинава работел три дена помалку од лани, иако сега имам поголема плата и оцени дека тоа не било фер.
Тој за Радио телевизија Србија (РТС) изјави дека до Нова година „ќе се обиде да надополни еден работен ден“, пренесе Бета.
- Работев понапорно минатата година. Ќе се принудам да работам многу повеќе, да се борам многу посилно и да го протуркам тој Експо (2027), рече Вучиќ.
На прашањето што мисли за апелот на Комитетот за заштита на новинарите од Њујорк, кој побара од властите во Белград итно да преземат ефективни чекори за да се осигура безбедноста на новинарите кои известуваат од протестите во Србија, Вучиќ рече дека тој потег го гледа како вршење притисок врз слободните земји.
Според него, таа невладина организација е финансирана од американската влада и тие не се објективни бидејќи не ги осудија нападите врз новинарите на Информер бидејќи не ги застапуваат американските интереси.
Тој додаде дека се надева оти ќе биде подобро кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата. јт/
Фото: ЕПА