Вучиќ: Кога Косово ќе ја формира ЗСО, тогаш ние ќе го исполниме нашиот дел од обврските
- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија ќе го исполни својот дел од обврските од дијалогот со Приштина, но не пред другата страна да ја формира Заедницата на српски општини што е предвидено со Бриселскиот договор.
Белград, 19 април 2023 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија ќе го исполни својот дел од обврските од дијалогот со Приштина, но не пред другата страна да ја формира Заедницата на српски општини што е предвидено со Бриселскиот договор.
„Нема игра во врска со тоа. Мора да го исполните, и само кога ќе го исполните, тогаш ние ќе го исполниме нашиот дел. Можеби како гест на добра волја ќе направиме нешто еднострано, но тоа нема никаква врска со вашата обврска целосно да го исполниме тоа, за дури потоа да направиме се останато“, изјави Вучиќ, пренесе Бета.
По средбата со министерот за надворешни работи на Шведска, Тобијас Билстром, тој рече дека денеска се зборува дека Албанците треба „да започнат процес на формирање на ЗСО“, а Србија веднаш да исполни „се што ќе им текне“.
„Не, работите одат вака: денеска се навршуваат 10 години од усвојувањето на Бриселскиот договор, ја формирате ЗСО со суштински овластувања, а кога тоа ќе го направите, Србија ќе си го одржи својот дел од работата“, рече Вучиќ. паг/
Фото: МИА архива