• понеделник, 23 декември 2024

Вучиќ и се заблогодари на Русија за „доследната подршка“, српско-руските односи успешно се развиваат

Вучиќ и се заблогодари на Русија за „доследната подршка“, српско-руските односи успешно се развиваат

Белград, 2 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговараше со амбасадорот на Руската Федерација, Александар Боцан-Харченко, за неодамнешната средба во Брисел и, како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, подетално го информирал „за тешката ситуација на Косово“, јави дописникот на МИА од Белград.

„Претседателот Вучиќ во оваа прилика истакна дека Србија останува посветена на зачувување на мирот и стабилноста, додека властите во Приштина продолжуваат со секојдневниот прогон на српското население, особено на северот на Косово и Метохија, што доведува до етничко чистење на српски народ“, се наведува во соопштението на службата за јавност на срспкиот претседател.

Во него се додава дека Вучиќ повторил дека секое признавање на еднострано прогласената независност на Косово не е прифатливо за Србија, „бидејќи цврсто се залага за почитување на меѓународното право и зачувување на националните и државните интереси“.

Соговорниците се согласија дека од суштинско значење е формирањето на Заедницата на српските општини, што Приштина упорно го избегнува, се посочува во соопштението.

-Претседателот Вучиќ се заблагодари за доследната поддршка што Руската Федерација ја дава на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Србија, како во Обединетите нации, така и на другите меѓународни форуми, беше соопштено.

Претседателот Вучиќ и амбасадорот Боцан-Харченко констатирале дека српско-руските односи „успешно се развиваат, со надеж дека сеопфатната соработка ќе продолжи и во иднина“, се наведува во соопштението и се додава дека соговорниците размениле мислења и за актуелни регионални и глобални прашања. об/сд/

Остани поврзан