• среда, 27 ноември 2024

Вучиќ и премиерите од регионот в четврток во Белград на регионална конференција за ОИЕ во организација на Норвешка

Вучиќ и премиерите од регионот в четврток во Белград на регионална конференција за ОИЕ во организација на Норвешка
Белград, 15 ноемвври 2022 (МИА) - В четврток во Белград, Норвешка ќе биде домаќин на голема регионална конференција: „Норвешка - Западен Балкан: деловна конференција за можностите за инвестирање во обновливите извори на енергија во Западен Балкан“, на која, покрај српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе учествуваат и четворица лидери од регионот, јави дописникот на МИА од Белград. - Поводот е да се претстават решенијата за обновливи извори на енергија - нивните профили во однос на другите технологии и да се објасни како тие можат да се вклопат во пошироката слика на Западен Балкан за да бидат дел од таа зелена транзиција. Исто така, би било интересно за Норвежаните да слушнат какви поволни услови за инвестиции постојат овде. Ќе учествува и г-дин Александар Вучиќ како прв говорник, но многу сме задоволни што ќе ги имаме и премиерите на Северна Македонија Димитар Ковачевски, Дритан Абазовиќ од Црна Гора, премиерот на Албанија Еди Рама и Зоран Тегелтија од Босна и Херцеговина, изјави на гостувањето на Еуроњус Србија норвешкиот амбасадор во Белград, Јерн Гјелштад. Тој нагласи дека ќе има и панел за финансирање и развој, каде ќе бидат меѓународни финансиски инвеститори, кој ќе го отвори норвешкиот министер за финансии. - Јас сум голем оптимист и ова може да ја подигне свеста и ангажманот и се надевам дека енергетиката ќе биде голем дел од билатералната агенда меѓу нашите земји и Западен Балкан. Исто така, сакам да истакнам дека оваа конференција, на која ќе се соберат лидери од регионот на тема за енергија и клима, ќе резултира со подобро разбирање како енергијата може да се користи како двигател на посилен регион со поголема соработка, со повеќе интеграции и поголема доверба. Енергијата е нешто што ги интересира сите и е заеднички предизвик пред нас, оцени норвешкиот амбасадор. Со цел да го направи нордискиот регион целосно одржлив, Нордискиот совет на министри го основа „Nordic Green“, односно „Нордискиот зелен проект“. Познато е дека нордиските земји имаат блиска соработка на многу полиња, но и нивната солидарност со другите земји, па оттука и иницијативата „Нордиски зелен проект - одржливи решенија за Србија“, која има за цел да ја претстави нордиската „зелена“ технологија, бизнис моделите за заштита на животната средина и борбата против климатските промени. - Тоа е комбинација на комплицирани фактори - енергија, клима, животна средина. Пораката на ОН од климатската конференција е дека е неопходна итна акција за да се спречи неповратна штета на животната средина. Во исто време имаме хаос на енергетскиот пазар, а таква е состојбата во цела Европа. Ситуацијата е многу тешка во визијата да се има брза транзиција“, изјави норвешкиот амбасадор Гјелштад за Еуроњус Србија. Тој додаде дека дефинитивно е неопходно да се донесат одредени мерки бидејќи „зимата ќе биде исклучително тешка“, но во исто време смета дека не треба да се испуштаат од вид среднорочните и долгорочните интереси - пред сè здрава животна средина. об/паг/

Остани поврзан