• сабота, 31 август 2024

Вупи Голдберг привремено отстранета од Еј-би-си

Вупи Голдберг привремено отстранета од Еј-би-си
Лос Анџелес, 2 февруари 2022 (МИА) - Актерката Вупи Голдберг е привремено отстранета од својата емисија „Поглед“ (The View), откако рече дека нацистичкиот геноцид врз повеќе од шест милиони Евреи „не бил поврзан со расата“. И покрај извинувањето од познатата водителка и глумица, претседателката на „Еј-би-си њуз“ - Ким Годвин соопшти дека одлучила дека тоа не е доволно. „Веднаш ја суспендирам Вупи Голдберг на две недели поради нејзините неточни и навредливи коментари. Иако Вупи се извини, ја замолив да одвои малку време за да размисли за влијанието на нејзините споделени коментари“, напиша Годвин во изјавата објавена на страницата на ТВ-каналот.  си/сд/

Остани поврзан