• среда, 07 август 2024

Вулин пристигна во Пребиловце и покрај забраната на властите во БиХ да пристигне со хеликоптер

Вулин пристигна во Пребиловце и покрај забраната на властите во БиХ да пристигне со хеликоптер

Бања Лука, 6 август 2024 (МИА) - Вицепремиерот на Србија Александар Вулин, кому властите на БиХ не му дозволија да допатува за БиХ со хеликоптер, денеска пристигна во Пребиловце кај Чапљина, каде се одбележува 83-годишнината од страдањата на Србите во Втората светска војна.
Медиумите во Бања Лука објавија дека Вулин во Пребиловце пристигнал со автомобил, без придружба, пренесе Бета.
Елмедин Конаковиќ, министер за надворешни работи на БиХ вчера изјави дека не потпишал дозвола за влез на Вулин во Босна. и Херцеговина со хеликоптер, наведувајќи дека тој е „човек кој постојано го напаѓа суверенитетот и интегритетот на Босна и Херцеговина“. зш/

Остани поврзан